Православните верници денеска го слават празникот Прочка за кој некои велат дека е еден од најголемите христијански празници.
Овој празник секогаш се слави 7 недели пред Велигден. На овој ден,
започнува долгиот Велигденски пост за да се дочека Христовото воскресение (Велигден).
Традиционално на овој празник младите семејства ги посетуваат родителите, кумовите и постарите роднини. Младите бараат прошка од повозрасните со зборот „Прости ми мамо/тато/баба/дедо...“, а тие одговараат – „Простено ти е, и од мене и од Господ“. Или „Само биди среќен. „Бог прости“.
Традицијата продолжува, како и секоја година, многу луѓе ставаат мартинка на рацете или на реверот. Тие веруваат дека носењето мартинка до 22 март ќе донесе среќа во нивните животи.
Мартеница (мартинка) е мал украс кој нашите родители, тетки или баби ни го врзуваат за раце и се носи до крајот на месецот.
Според други верувања, мартинката се става на 14 март.
Мартеница е украс направен од коноп во црвена и бела боја. Тоа е симболот на Баба Марта, кај нас позната како предвесник на пролетта.